Заедно со мојот сопруг живеев во среќен брак цели 25 години. Но токму на денот на годишнината дознав нешто за него, по што животот повеќе никогаш не беше ист.
Несвесно, многу им завидувам на жените кои ја пронашле својата женска среќа во бракот. Секогаш мислев дека мојот брак е успешен и сигурен. Се омажив многу млада, на само 20 години, за момче од соседниот влез. Имавме искрена и взаемна љубов и наскоро се венчавме. Наскоро се роди Александар, а по три години — Игор. Живеевме убаво и весело, многу ретко се каравме. Толку ми се допаѓаше мојот живот, што понекогаш и самата си завидував.
Така поминаа 25 години од нашиот среќен семеен живот. Синовите пораснаа, се оженија. А ние уживавме еден во друг и со нетрпение ги очекувавме нашите внуци, за кои бевме подготвени сè да направиме. И некако, ни самата не забележав кога во нашиот семеен живот почнаа промените. Не, мојот сопруг остана ист во односите со мене, но реши радикално да го смени својот изглед. Како да сакаше да се подмлади. Почна да оди во салони за убавина, да се облекува во брендови, нешто што никогаш претходно не се случувало.
Немавме многу пари, но последниве години заштедувавме доста, бидејќи децата веќе не ни требаа помош. Тие велеа дека ние сме ги извеле во живот и дека сега треба малку да живееме за себе. Дури и тие ни помагаа. На јубилејот на сопругот, тој крена здравица: „За нов и светол живот!“ Тогаш не им обрнав внимание на тие зборови.
Почна да се враќа доцна од работа, во некаков преголем занес. Никогаш не би помислила дека причината е друга жена. Еден ден, во паркот, ми пријде млада девојка и ме замоли да разговараме. Не ја познавав, но прифатив. Таа долго молчеше, беше очигледно вознемирена. Јас ја набљудував — околу 30 години, симпатична. Наместо зборови, почна да плаче.
Набрзо сфатив дека многу го сака мојот сопруг и дека веќе една година се заедно. Имаат взаемни чувства, но тој не ми кажувал ништо од страв да не ме повреди. А потоа ја кажа реченицата за која воопшто не бев подготвена:
„Вие со сопругот сте живееле добар живот, дајте и другите да бидат среќни.“
Не знаев како да реагирам. Молкум станав и си заминав дома. На сопругот ништо не му кажав. Тој изгледаше среќен, а јас веќе ја знаев вистината. Неколку дена подоцна го прославивме 25-годишниот јубилеј од нашата свадба во ресторан. Тогаш решив да разговарам. Му реков дека сакам само вистина. Тој призна дека ја сака таа девојка, а со мене живее само од благодарност за заедничкиот живот и за децата.
Не направив сцени, не расчистував ништо — едноставно го пуштив да си оди. Од муабети дознав дека сè уште живеат заедно. Колку ќе трае таа идила, не знам. Така се распадна нашиот брак. Но јас не се предавам. За два месеци, мојот син ќе добие ќерка и јас со радост ќе им помагам. Никогаш не очекував вакво нешто по 25 години среќен живот. Целосно ѝ се посветив на семејството, а тој реши да започне нов живот. Јас ќе бидам вистинска баба и нема да барам друг маж. Не сакам повеќе таква „среќа“, кога те оставаат како искористена работа. Со тоа нема никогаш да се помирам.
