На погребот на сопругот, жената седеше покрај ковчегот, целосно облечена во црно. Кога церемонијата на збогување заврши и почнаа да го затвораат капакот, жената се крена и рече:
„Почекајте една минута!”
Живееше човек кој целиот свој живот работеше и собираше пари. Кога стануваше збор за финансии, никој не можеше да му конкурира во штедење. Ги сакаше парите повеќе од сè на светот и малку пред смртта ѝ рече на сопругата: „Кога ќе умрам, сакам сите мои пари да ги ставиш во ковчегот со мене. Сакам да ги земам со себе во оној свет.”
Тоа го повторуваше сè додека не доби ветување од сопругата дека ќе го стори тоа.
Дојде денот, и тој почина. На погребот, мажот лежеше во ковчегот, жената седеше покрај него, целосно во црно, а покрај неа седеше најдобрата пријателка. Кога церемонијата на збогување заврши и почнаа да го затвораат капакот, жената се крена и рече:
„Почекајте една минута!”
Во нејзините раце беше кутија од чевли. Таа се приближи и ја стави кутијата во ковчегот. Потоа ковчегот беше затворен и однесен.
„Се надевам дека не полуде и не ги стави сите пари со овој стар скопјанец?” – праша пријателката.
Жената одговори: „Да, ги ставив парите таму, како што ветив. Јас сум праведна христијанка и не можам да лажам. Ветив дека ќе ги ставам сите пари во ковчегот со него.”
„Дали сакаш да кажеш дека ги стави секој цент до последниот во ковчегот?” – се изненади пријателката.
„Секако,” – одговори вдовицата – „ги собрав сите пари, ги ставив на мојата сметка и му издадов чек за целата сума.”
