Денис и Андреј Љубимови ѝ го спасија животот на една жена и нејзините мали деца, извлекувајќи ги од запалена куќа.

Денис и Андреј Љубимови ѝ го спасија животот на една жена и нејзините мали деца, извлекувајќи ги од запалена куќа.

Кога браќата Денис и Андреј Љубимови отидоа на автобуската станица да ја пречекаат мајка си, нивното внимание го привлече необичен звук: како нешто силно да пукнало. Кога се свртеа, видоа како се крева чад од една куќа – таа гореше. Приказната што ќе ви ја раскажеме се случила во селото Јурјево, Омска област. Момчињата не размислуваа долго, а и немаше многу време. Кога притрчаа до куќата, видоа жена со дете во раце на прозорецот: таа беше многу исплашена.

Да се излезе преку вратата беше невозможно: таа веќе беше зафатена од пламен. Момчињата, кои имаа само 11 и 12 години, решија да делуваат. Иако сирените на пожарникарите веќе се слушаа блиску, немаше време за чекање. Андреј успеа да го скрши прозорецот и да извади двегодишно девојче, а Денис – шестгодишно момче. Огнот стануваше се посилен, но за среќа сите веќе беа на безбедно. „Моите момчиња растат во вистински мажи, секогаш подготвени да помогнат. Горда сум на нив“, – вели Надежда, мајката на младите херои.

По шест минути, кога пристигнала првата противпожарна екипа, куќата веќе била целосно зафатена од пламен. Само благодарение на решителните постапки на браќата никој не настрада; не се знае како ќе завршеше сè ако момчињата не поминуваа таму. Денис и Андреј Љубимови беа наградени со почесни грамоти за хероизмот и храброста покажани при спасувањето на децата од пожарот. Слава му на Бога што сè заврши добро! Се надеваме дека овој случај ќе инспирира многумина на благородни дела!

Related Posts