Кога се преселив во друга земја и станав дадилка на еден богат човек, ни на ум не ми беше дека мојот живот ќе продолжи вака.Неодамна се преселив во странство, таму ја најдов својата љубов и останав бремена со моето момче странец. Јас имам 40 години, тој 65. Се сакаме, но се плашам од осудата на нашите блиски. Можеби треба да се откажам од детето? Тој вели дека ќе се грижи за нас, моли да го задржам, а јас се чувствувам како меѓу два огана.
Сè започна по предавството на мојот сопруг. Го избркав од домот, тој замина кај љубовницата, а јас останав сама. Децата ни се веќе возрасни — постарата ќерка е мажена, помладата студира и живее во студентски дом.
Блиска пријателка која се пресели во странство пред десет години, ме покани кај неа да се одморам, а ако сакам, можам и да останам таму.
Набргу најдов добра работа, заштедив малку пари и купив мало парче земја со намера подоцна да изградaм куќа. Долго време сонував за куќа покрај морето, и конечно, сонот почна да ми се остварува.
Таму го запознав еден локален богаташ. Ме вработи неговиот син за да се грижам за болниот татко (по професија сум медицинска сестра). И покрај годините и болеста, тој беше сè уште мошне енергичен — дури и во кревет.
По два-три пати, останав бремена. Се сакаме и сакаме заедно да го растеме детето, но тој е веќе стар и болен — можеби нема ни да го дочека неговото раѓање.
Покрај тоа, неговите роднини ќе мислат дека намерно сум забременила за да се домогнам до неговиот имот. А моите деца што ќе речат? Јас треба веќе да чувам внуци, а не повторно да раѓам!
И мојот сон — да изградaм куќичка покрај морето — со бебе во раце станува невозможен.
Што да направам?
