Мажот почна да се сомнева во својата жена: не веруваше дека новородената ќеркичка е негова. Во паника потрча кај акушерот. Одговорот на докторот го остави без зборови.

— Докторе, – рече тој. – Не знам како да го кажам. Но сум малку разочаран, затоа што мојата ќерка е црвенокоса! Таа не може да биде моја!
— Глупости, – одговори докторот. – Дури и ако вие и вашата сопруга имате црна коса, можно е некој од вашите предци да имал црвена коса.
— Тоа е невозможно, – инсистираше таткото. – Во нашите семејства со многу генерации сите имале коса црна како катран.
— Добро, тогаш дозволете ми да ви поставам едно пикантно прашање. Колку често водите љубов?
Малку засрамен, мажот одговори:
— Многу се изморувам на работа, затоа еднаш или двапати месечно.
— Ете така! – сигурно рече докторот. – Тоа е ‘рѓа!

Related Posts