Писмо до поранешниот сопруг: «Жената е способна за сè – доволно е само да се омажи погрешно».

Многу често, кога луѓето се разделуваат, тие зборуваат за своите поранешни сопружници со огорченост. Се смета дека ако немало поплаки, немало да има ни разделба. Но една жена, која поминала низ многу тешки психолошки моменти за време на разделбата со својот сопруг, успеала да најде само добри работи. Својата благодарност кон сопругот таа ја изразила во едно отворено писмо.

«Драг мој, поранешен мажу. Денес, конечно, завршија моите 15 години живот со тебе. Како што гледаш, го “одлежав” својот рок целосно – од потписот во матично до мојот потпис на разводот.
Сега излегувам на слобода со сосема чиста совест. И, на крај, сакам да ти ја пренесам мојата искрена благодарност за сè што ми даде.

  1. Благодарение на тебе научив цврсто да ги поднесувам животните несреќи – како губење клучеви, пари, мобилен. Секогаш сама наоѓав решение во секоја ситуација, само за да ги зачувам твоите нежни нерви.

  2. Благодарение на тебе научив да правам инјекции. Се случуваше децата да се разболат и не можеше да се повика медицинска сестра дома. Мораше сама да се осмелам и да бодам. А потоа и тебе да те враќам во свест.

  3. Благодарение на тебе научив виртуозно да правам секакви поправки дома. Скршена полица – нема проблем. Менување на цевката под мијалник – ситница. Тебе секогаш ти недостасуваше време и сила за тоа, па морав сама да ги совладам шрафцигерот, разводниот клуч и чеканот. Сега не се плашам да останам дома без маж.

  4. Благодарение на тебе научив да преговарам со комуналци, да се разбирам со сообраќајци, да плаќам казни, да пишувам објаснувања. И, откако ти ги одзедоа возачките права, морав да научам да возам – некој мораше да те врати дома од веселите забави.

  5. Благодарение на тебе имам одлична, затегната фигура, бидејќи постојано сум во движење: или ги качувам кесите со намирници дома, или го копам целиот двор со лопата, бидејќи тебе баш тогаш те фаќаше грч во малиот прст и не можеше да станеш од каучот.

  6. Благодарение на тебе совладав неколку професии, бидејќи некој мораше да заработува пари во ова семејство.

  7. И за што навистина сум ти благодарна – е што конечно си замина, изморен од целосното неразбирање на твојата суптилна природа. Замина, гласно треснувајќи ја вратата. И веројатно затоа не го слушна воздишката на олеснување што ми излезе од градите».

Related Posts