Никогаш не ми паднало на ум дека ќе се осмелам на вакво нешто, но сепак се случи. Скоро почнав врска со маж кој е многу постар од мене. Се сретнавме сосема случајно. Тоа беше судбина. Излегов од кафеана и се брзав кон трамвајот. Беше зима, страшен мраз. Паднав. На помош ми дојде непознат човек. Бев толку благодарна, беше единствениот што реагираше и ме крена, што го поканив на прошетка. Го пропуштив трамвајот, но така почна сè.
Дека има семејство не ми кажа веднаш. Кога дознав, беше веќе доцна. Бев обземена од најсилни чувства. Свесна бев дека нема добро да заврши, но тој беше толку грижлив кон мене што не можев да одолеам. Се гледавме тајно кај мене дома или на други места. Го сакав, и не сакав ни да помислам на лошо. Дури и сега ми е тешко да поверувам. Тој има 50, јас 23 години, и бевме среќни.
Но, како што беше за очекување, семејството дозна. А јас тоа го дознав на посебен начин. Една вечер, излегувајќи од работа, влегов во влезот и видов девојка од околу 18 години. Ми го пресече патот и се претстави како ќерка на мојот љубовник. Од страв ми застана здивот. Почна да ме обвинува дека им го уништувам семејството. Се вкочанив, мислите ми се мешаа. Таа беше толку напната и полна со бес, што изгледаше дека ќе ме удри. Јас, криејќи го стравот, се обидов да продолжам. Но таа нагло ме фати за рака и со сила ме заврте кон себе.
Се исплашив како никогаш дотогаш. Ни на ум не ми дојде да се бранам. Нејзиниот стисок беше толку силен што веднаш сфатив – подобро е да не се замерувам со неа. Однадвор изгледаше како обична ученичка, ниска и слаба. Но бес имаше во изобилство. Ми кажа дека мајка ѝ многу страда поради тоа и сака јас да се разделам со нејзиниот татко. Треперев, не можев ни збор да изустам и почнав да плачам. Таа почувствува власт над мене. Ме фати за јака, ме притисна силно до ѕид и ми рече: „Ако не го оставиш татко ми, ќе зажалиш.”
Заплакав гласно, надевајќи се дека ќе ја смилувам. Но залудно. Ме удри и си замина. Ставав рака на местото и видов крв измешана со солзи. Немојте да мислите дека сум од лошо семејство. Напротив, пораснав со правила и строгост. Всушност, ова беше првата ваква ситуација во мојот живот. Ако не беа околностите, никогаш немаше да стигнам до овде. Станав и се качив во станот. А сега што да правам? Го сакам овој човек, но се плашам од неговата ќерка. Со такви не се шегува. Да му кажам ли нему? Што ми советувате? Кој е во право во оваа ситуација?
