Живееме во тешко време, кога за децата мора да се внимава со двете очи. Но работата, семејните обврски и други работи често нè приморуваат да ги оставаме децата сами или под надзор на роднини, пријатели и познаници.
Сега ќе ви раскажеме за трикот на една претпазлива мајка, која наоѓајќи решение ја совладала оваа опасност. Замислете ја оваа ситуација: до едно осумгодишно момче приоѓа маж и му вели дека треба да појде со него кај мајка му – дека таа го испратила. Но момчето не се збуни и го изненади непознатиот со прашањето: „Која е лозинката?“.
Кога виде дека тој се збуни и не знае што да каже, детето побегна. И постапи правилно, бидејќи со мајка му имале договорено дека ако таа не може да го земе и испрати некој друг, тогаш таа личност мора да ја знае лозинката што однапред ја научиле.
Можеби оваа досетливост еден ден ќе ве заштити вас и вашето дете од ужасна ситуација. Затоа мислам дека секој родител треба да го следи примерот на оваа мајка. Да се измисли лозинка трае пет минути, но може да спаси живот! Кога станува збор за деца, невниманието може да донесе страшни последици. Споделете ја оваа статија со пријателите на социјалните мрежи!
