По смртта на синот, ја избркавме неговата жена од домот. Зашто таа жена го испрати во гроб.
Додека беше жив, постојано му велев дека со својата жена Људка нема да биде среќен. Несреќниот син три години мака влечеше со неа. Таа не знаеше граници. Никогаш не праша од каде зема пари за да ја забавува. Синот мој работеше на три работи, не можеше ни за викенд кај нас да дојде, а нејзе и тоа не ѝ беше доволно. По погребот, ја избркавме таа безобразна жена. Успеа само јакната да си ја земе. Јас со маж ми решивме дека ништо нема да ѝ дадеме. Сè беше купено со пари на синот. Људка нема право на ништо. Неколку пати доаѓаше да ги земе работите, ама на праг не ја пуштивме.
– Што бараш овде? Пари од нас сакаш? Ние не сме Алексеј, на врат нема да ти седнеме. Еве го јадниот поради тебе во гроб заврши. Зошто го натера ноќе да оди кај твоите родители? Не можеше до утро да чекаш? Те мразам, гадино! – и викнав. На денот на несреќата, мојот син Алексеј во три часот ноќе отиде во аптека, а потоа мораше да оди и кај таштата. Таа се „почувствувала лошо“. Всушност, само внимание барала. И така без син останав.
Многу пријатели на Алексеј не разбираат зошто толку лошо се однесуваме со Људа. А како да се однесуваме со човек што го испрати мојот син во смрт? Таа често ни се јавува, не заканува со суд ако не ја испразниме куќата и не ѝ ги дадеме работите. Мисли дека има право нешто да бара, ама тоа не е така. Куќата е на името на маж ми, а работите јас ги зедов како морална штета. Сето злато што го купи синот, беше со негови чесно заработени пари. Таа ни денар не дала. Јас мислам дека јас и маж ми постапуваме правилно.
