Кога Роза и Вања се венчаа, немаа каде да живеат. Мајката на Вања, Анфиса Сергеевна, им предложи на младенците да се преселат кај неа. — „Во тесно, ама без навреда. Еве кога Наташа ќе се омажи ќе се ослободи место.“ Наташа беше помалата сестра на Вања. Таа беше спротивност на Роза. Наташа сакаше да стане на пладне, да јаде и до вечер да шета со пријателите. За домашни обврски воопшто не размислуваше. По неа секогаш средуваше мајката, а сега снаата. Роза по природа беше тивка. Таа ништо не можеше да каже, па мирно чистеше и молчеше.
Свекрвата реши да ја искористи тивката снаа. Ја натовари Роза со сите домашни обврски: перење, чистење, готвење и слично. Вања ја пожали сопругата. — „Ајде да купиме стан на кредит и да се преселиме. Гледам дека ти е тешко да живееш со моите. А искрено, и јас не се чувствувам убаво со нив. Сестра ми секој ден бара пари, а мајка ми постојано е незадоволна од тебе. Некоj затворен круг е тоа.“ Роза се согласи. За еден месец се преселија во својот стан. Свекрвата негодуваше. — „Кој сега ќе средува кај нас? А кој ќе готви? Навикнав да живеете со нас. Можеби вашиот стан ќе го изнајмувате, а вие ќе продолжите да живеете тука. Без Роза сме како без раце.“
— „Мојата жена не е слугинка за да ви служи од утро до вечер. Како што се навикнавте на неа, така и одвикнете се. И ти имаш ќерка, нека таа чисти, пере и готви.“ — ѝ одговори Вања на мајка си. — „Зошто ми е снаа, ако нема да помага? Од ваша страна е погрешно што решивте да се преселите.“ — „Мамо, прекини. Кај тебе дома повеќе нема да се вратиме. Сакам да живеам нормално, без стрес. Ти постојано се жалиш, сестра ми бара пари. Дозволи ми да си ја градам својата фамилија без ваше мешање.“ Роза и Вања почнаа да живеат заедно и не знаеја за маки. Наскоро Роза забремени и роди прекрасно дете.
