Надја по навика отиде да седне на својата клупа во паркот. Но таму веќе седеше некоја девојка со количка.

Надја не можеше да се нарече обична баба. Таа мразеше да седи со внуците. Никогаш никому не исплела облека. Стануваше во 7 часот, излегуваше надвор и пушеше цигара. Имаше повеќе од 80 години, но слушаше гласно тежок рок, а соседите не ѝ приговараа – веќе беа навикнати. Така беше секое утро. Старката не ги разбираше оние жени кои тажно ја минуваа староста – и се држеше подалеку од нив. Со соседите имаше одлични односи, затоа што одамна се имаа навикнато на чудните постапки на старката. По утринскиот ритуал, таа одеше во паркот да прошета малку. Тоа утро, клупата каде што секогаш седеше, беше заземена од една девојка со количка.

– Ова е моето место, јас секогаш тука седам – рече Надја.
– Извинете, јас веќе си одам – рече девојката, но во тој момент Надја ја фати за рака.
– Дај да те видам. Што се овие модринки?
Девојката не издржа и заплака: – Маж ми го отпуштија од работа и тој постојано пие. Дома доаѓа и почнува да ме тепа. Вчера не издржав и избегав. Ама сега не знам каде да одам.

Надја ја покани младата мајка со детето кај себе дома, ја почести со чај, а потоа ѝ рече дека можат да останат кај неа колку што им треба.

– Пензијата ми е добра, ќе нè има за сите. Останете, заедно ќе биде повесело. За мене е само радост.

Следното утро во дворот не се слушаше повеќе гласна музика. Сосетката Марина не си наоѓаше место: мислеше што се случило со Надја. Чекајќи до 7:30, реши да појде да види што е со соседката. Кога излезе во дворот, неколку соседи ги палеа своите коли, спремајќи се да одат на работа. Во тој момент се отвори прозорецот од приземјето, се појави Надја и им извика:
– Може ли малку потивко? Имам бебе што спие.

Од тој ден Надја не беше повеќе иста. Од чудна старка се претвори во вистинска, добра и грижлива баба.

Related Posts