Кај училиштето, една жена ја запре 12-годишната Полина, ја фати за рака и ја повлече на страна:
– Пуштете ме, кој сте вие?! – вознемирено рече девојчето.
– Добро, ајде да зборуваме овде… накратко, собери ги работите и исчезни од мојата куќа заедно со мајка ти.
– А каде ќе живееме?
– Не ме интересира, живеј каде што сакаш.
– А тато?
– Твојот тато повеќе не е твој.
Полина заплака и веднаш потрча дома. Во тој момент започна дожд кој брзо се засили. Девојчето пристигна целата мокра и смрзната. Мајката ја отвори вратата, Полина ја прегрна и низ солзи праша:
– Тато веќе не ме сака? Не’ брка од дома?
Мајката ја прегрна и со омраза гледаше кон нејзиниот сопруг:
– Не, ќерко… требаше порано да ти кажам. Ќе се преселиме, ама тато те сака.
Кога ќерката се смири и заспа, мајката започна расправија со поранешниот сопруг:
– Ние сакавме мирно да и’ објасниме, а се појави твојата Ала и вака му зборува на детето!
– Па, Ала веќе се умори да чека. Сега е готово. Да ти помогнам да ги спакуваш работите? – промрморе тој.
– Не, сама ќе се снајдам. Само гледај повеќе Ала да не се доближи до мојата ќерка.
Полина се пресели со мајка си. На почетокот татко и’ често ја посетуваше, потоа еднаш месечно, а колку што растеше Полина, толку поретко се гледаа. Кога наполни 18 години, алиментацијата престана.
Таткото дури и не ја честита за полнолетството. Наместо тоа, се јави Ала:
– Конечно моите пари нема да одат за туѓо дете, – злобно рече таа.
Роденденот беше уништен, Полина цела ноќ плачеше во перницата. Минa време, таа веќе студираше на универзитет, кога одеднаш дојде нотар и соопшти дека татко и’ доживеал несреќа и загинал. Требаше да се појави за наследството.
Полина седеше во канцеларијата на нотарот кога влезе и Ала.
– Што прави оваа тука? Зарем и таа ќе добие нешто? – љубоморно праша.
Човекот во костум зачудено ја погледна и го прочита тестаментот. Во него стоеше дека трособниот стан и’ припаднал на Полина. За Ала немаше ниту збор.
– Што?! Како е можно, со него живеев толку години! Како можеше!
– Ало, ќе ти кажам нешто што ми го кажа пред 8 години – собери ги работите и исчезни од мојата куќа.
