Коља едноставно и отворено и рече на својата жена Светлана:
– Имам друга, па затоа си одам од тебе.
Светлана мирно стана и почна да му ги собира работите во куфер. Коља очекуваше дека жената ќе почне да прави скандал или да го моли да не ја напушти. Но Светлана се држеше, не сакаше мажот да ги види нејзините солзи. Штом ја затвори вратата зад него, таа седна на подот и почна да плаче. Како можеше тој, на свои 50 години, едноставно да избега од својата жена? За тоа дозна и нивната ќерка, која и рече на мајка и веднаш да дојде кај нив на викендицата за да се одмори и да се развлече.
Светлана се спакува и отиде.
– Ова е, секако, многу неочекувано, но ти заслужуваш најдобро, мамо – ја тешеше ќерката.
И внуката потрча, па стана повесело.
– Мамо, ние со мажот планираме да одиме на море на одмор, ајде и ти со нас. Хотелот е одличен, ќе ти се допадне.
Светлана прифати. И не залудно. Хотелот навистина беше луксузен. Додека ќерката со мажот и внуката трчаа по плажата, Светлана седеше на маса во едно отворено кафуле.
– Ќе ми дозволите да седнам до вас? – се слушна пријатен машки глас.
– Седнете.
Така Светлана се запозна со Игор. Пред три години му починала жената, децата живеат во странство, а тој претпочитал да се одмора покрај мирно море. Разговараа долго и беше пријатно да се дружат.
Кога се вратија во градот, средбите продолжија. Игор и подаруваше на Светлана преубави букети, ја носеше по ресторани и изложби. Потоа и рече:
– Зошто да го одложуваме? Ние не сме повеќе на дваесет години. Светлана, штом те видов на морето, веднаш разбрав дека ти си мојот близок човек. Се надевам дека и ти го чувствуваш тоа. Мажи се за мене.
Светлана веднаш заплака од среќа. Прифати. Остануваше само да се разведе од Коља. Средбата со поранешниот маж беше многу непријатна:
– Веднаш си најде нов љубовник – почна Коља, лут затоа што неговата млада љубовница го оставила за побогат човек.
– Ти благодарам, Коља, што ме ослободи, инаку никогаш немаше да дознаам дека постојат толку прекрасни мажи како мојот Игор – му одговори Светлана.
