Кучињата ги немаше никаде. Во предсобјето имаше уште поголем хаос. Лампата беше исклучена и на еден од ѕидовите лежeа смачкани ќебиња. Во дневната соба телевизорот беше вклучен на максимум и собата беше полна со играчки и облека. Во мијалникот имаше многу нечисти чинии и тенџериња, остатоци од појадокот беа на масата, вратата на фрижидерот беше целосно отворена, храна за кучиња лежеше на подот, искршено стакло беше под масата и мала купчина песок беше покрај вратата.
Мажот брзаше да се искачи по скалите, чекорејќи преку играчките и големите купови облека, во потрага по неговата жена. Тој се плашеше дека можеби таа е болна или дека нешто сериозно се случило. Кога ја виде водата на подот која истекуваше од вратата на бањата, погледна внатре. Внатре беше хаос: влажни пешкири, сапун и пена, и многу играчки расфрлани по подот. Метри тоалетна хартија беа натрупани во куп и пастата за заби беше размачкана по ѕидовите и огледалата.
Тој брзо тргна кон спалната соба. Таму ја најде својата жена, свиткана во калачик, како лежи во кревет. Беше во пижама и читаше книга. Таа го погледна и се насмевна. Потоа го праша како му поминал денот. Тој изгледаше збунет и ја праша: – Што се случи овде? Таа повторно се насмевна и рече: – Ти секој ден по работа ме прашуваш што правев денес? – Да? – рече мажот со недоверба. Жена му одговори: – Па, денес ништо не направив!
