Пред една година ја напуштив мојата сопруга. Ја напуштив затоа што запознав млада и убава девојка која ми носеше радост, нешто што мојата сопруга одамна не го правеше. Беше буквално груба, покриена со целулит и стриии, со виснат стомак…

Мојата сопруга заборави на козметиката, престана да се грижи за косата, и забележав дека сѐ почесто мирисаше на пот. Престана да ги прави основните нешта: да ги лакира ноктите, да ги бричи нозете, да носи градник – поради што ѝ виснаа градите. Сите тие нешта влијаеја многу негативно врз мене. Веќе не ја гледав жената во која се заљубив. И така, си отидов.

Денес, точно една година по нашиот раскин, ја сретнав поранешната сопруга. Не можев да им верувам на своите очи: колку само убаво изгледаше! Убава, средена, со извајано тело, облечена во прилично откриена облека. Не беше можно! Одбивав да верувам. Воопшто не изгледаше како мајка на три деца (моите деца!). И почнав да размислувам што навистина се случило. Можеби, додека беше со мене, немаше време да оди во теретана, бидејќи целиот свој живот го посвети на мене и на нашите деца?

Можеби не носеше градник едноставно затоа што немаше време да се мачи со него, бидејќи требаше да ги дои децата? Можеби не ги бричеше нозете или не ги средуваше веѓите затоа што требаше да готви, пере и чисти по сите нас? Сега ми текнува, можеби таа всушност беше среќна? Отсекогаш сонувала за големо и силно семејство, сакала да се грижи за некого. Можеби нејзиниот живот бил прекрасен, а јас едноставно не…

Не успеав да го ценам тоа. Сакам да кажам само едно: знам што значи вистинска жена во домот, и ја изгубив, изгубив човек кој беше мојата најголема среќа. Ја заменив внатрешната убавина со надворешна. А таа запозна маж кој престана да се однесува со неа како со слугинка и ѝ даде време да се грижи за себе.

Сега веќе е доцна нешто да се промени. „Секогаш кога мислите дека некој не ве заслужува или не ги исполнува вашите очекувања, погледнете длабоко во себе и размислете што вие му давате за возврат. Дали токму сега правите грешка? Ако сѐ уште не сте решиле, направете нешто убаво за оној што го сакате.“

Related Posts