Во текот на сите 17 години додека мајката на мојот сопруг работеше во Италија, таа воопшто не ни помогна – ниту со куќа, ниту со стан, ниту со некаква друга поддршка.
Иако ме мачеше таа ситуација, долго време ништо не зборував, затоа што мислев дека можеби жената штеди пари за некоја поголема инвестиција – куќа или стан.
Но, и по десет години, моите роднини сè уште живееја во стара, запуштена куќа и стануваше јасно дека свекрвата не е личност која знае да заработи или да заштеди пари.
Се обидував да му наведам на сопругот примери од други жени кои во ист временски период инвестирале во неколку станови или куќи, но тој се налути и ми рече да не ги бројам парите на неговата мајка. Но, вистината беше дека таа не купила ништо и не инвестирала во ништо.
Кога доаѓаше на посета, очекуваше да ја служиме од глава до пети, па дури и не замолуваше да ја возиме на разни обврски.
Неодамна повторно дојде во посета, а мојот сопруг ми соопшти дека таа и неговиот татко ќе живеат кај нас за време на летото.
Не ми беше по ќеф да ја угостувам во нашиот дом, особено затоа што никогаш не понуди никаква финансиска помош, дури ни тогаш кога мојот татко сериозно се разболе на почетокот на оваа година.
Не знам како свекрвата располага со своите приходи и не сакам да ја осудувам, но не можам да не се прашувам – зошто не направи ништо за да му помогне на својот единствен син или на внуците?