Една од моите колешки ме покани на нејзината свадба. Бев нова во тимот, не го познавав младоженецот, но си помислив дека ќе биде забавно и ќе се зближиме со колегите. Се собравме целиот тим и пристигнавме во салата. Кога влеговме, сите гости веќе беа седнати на масите. Имаше околу 150 луѓе, а салата беше преубаво украсена со различни бои.
Но нешто друго ми го привлече вниманието. Тој поглед! Веднаш сфатив дека е љубов на прв поглед. Тој ме гледаше, а мене колената ми се тресеа, срцето ми се стегна. Тоа беше нејзиниот свршеник. Целата вечер не можев да си најдам место, не јадев, не пиев.
Одлучив да си заминам порано, бидејќи не разбирав што точно се случува. Следниот ден, кога излегов од работа – тој беше таму, ме чекаше. Не разбрав ни како се најдов во неговиот автомобил. Почна да ме бакнува, а јас не се противев. Го поминавме целиот ден заедно. Се бакнувавме, разговаравме, времето летаеше. Отидовме кај мене – и се се случи…
Пред да си замине, ми вети дека ќе разговара со својата сопруга за развод. И го одржа ветувањето. Неколку дена подоцна веќе живеевме заедно. Не знам што ѝ кажа, како ѝ ја објасни ситуацијата.
Најважно е што наскоро ми предложи брак – и се венчавме. Секако, ја напуштив работата. Бев „новото девојче“ таму, и нормално сите ме оговараа и ме осудуваа. Во денот кога си дадов отказ, слушнав такви работи за себе што не можам ни да ги прераскажам.
И ден-денес не знам како таа (мојата поранешна колешка) се чувствува. Никогаш со сопругот не зборувавме за нашето минато – ниту јас, ниту тој. Почнавме од нула.
Веќе три години сме среќни. Сите велеа: „ќе видиш, ќе заврши со развод, ќе се покаже сето тоа“. Но – не. Секој ден што го живееме заедно е задоволство и среќа.