Уште од мала имав една мечта – сакав да имам големо и сплотено семејство. Бев мажена 16 години. Го сакав мојот сопруг. По свадбата останав бремена и ја родив нашата ќерка. Татко ми ја разгалуваше. Ќерка ни го сакаше татка си повеќе од сè на светот. Ме болеше, но тоа не го покажував.
Во последните неколку години забележав дека сопругот ми стана ладен кон мене. Наскоро дознав дека во неговиот живот има друга жена. Поднесов барање за развод. Кога ќерка ми дозна зошто се разведуваме, престана да комуницира со татко ѝ. Но на суд дознав нешто што ме скрши – ќерка ми решила да остане со него.
Ја молев да не ме напушта, но таа не сакаше ни да ме слушне.
Покрај сè, таа почна љубезно да се однесува со новата жена на нејзиниот татко, оставајќи ја својата мајка зад себе. Страдав, плачев по цели ноќи, бев скршена. Се чувствував непотребна и отфрлена. Сестра ми ми рече да им се одмаздам. Кога отидов да си ги земам работите, дома немаше никој.
Измешав сурови јајца со сок од скуша, ја истурив таа мешавина во шприц и почнав да ја прскам во тапетите, во тапацирот на мебелот и во разни пукнатини. Го изнесов сè од станот – дури и чиниите, па и работите на ќерка ми кои сама си ги имаше купено. Нека нејзиниот татко се грижи за неа, ако таа него го избрала.
Сакав и двајцата да страдаат. Сопругот ми разбра дека јас сум го направила тоа и почна да ми се заканува со полиција. Не жалам за ништо – и онака не можат ништо да ми докажат. Се чувствувам како победник. Мислам дека добија токму тоа што го заслужија.
Им се одмаздив за предавството. И не ми велете дека ќерка ми не го заслужила тоа. Предавството е удар во срцето. Многу е тешко да не мислиш на одмазда кога си вложил толку љубов, енергија и време.